Њукасл ова лето сака значително да го засили тимот и да се бори за излез во Европа.
Најголема желба на Њукасл е бразилскиот репрезентативец и член на Лион, Лукас Пакета, за кого силен интерес покажува и Арсенал.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
24-годишниот плејмејкер игра фантастично во дресот на Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Лион за неговата слобода бара 60 милиони евра, бидејќи 15% од правата на играчот се уште ги има Милан.
Англиските медиуми пренесуваат дека Њукасл е спремен да ја плати таа сума и веќе започнал преговори со Лион.