Дома Фудбал Англија Њукасл немоќен, Челзи лидер! ?

Њукасл немоќен, Челзи лидер! ?

Челзи го победи Њукасл, а Менди уште еднаш ја зачува својата мрежа.

Со 0:2 денес Челзи беше подобар од Њукасл. Уште во 10. минута Челзи дојде до водство кога сопствената мрежа ја победи Федерико Фернандез после нафрлувањето на Маунт. Пред автоголот одлични прилики имаа Абрахам и Вернер.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Њукасл создаде само една добра прилика, но шутот на Сент-Максиман беше запрен од одбраната.

Во продолѓение Вернер продолжи со одличните настапи. Германецот се проби помеѓу двајца дефанзивци во котнра испрати топка до Абрахам кој асистенцијата ја претвори во гол за 2:0 во 65. минута.

Се обиде Њукасл да се закани од дистанца, но Лонгстаф го погоди само надворешниот дел од голот. Вернер постигна гол, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…