Дома Останати Кошарка Јовиќ со рекорд на сезоната го водеше Мајами до убедлива победа (Видео)

Јовиќ со рекорд на сезоната го водеше Мајами до убедлива победа (Видео)

Младиот српски кошаркар повторно доби голема доверба од тренерот Ерик Сполстра и за 32 минути на теренот успеа да постигне 21 поен, додаде и осум скока и пет асистенции во победата на неговиот Мајами против Портланд со 119:98.

За Јовиќ, ова е најдобрата изведба во досегашниот дел од сезоната, а доказ дека игра сè подобро е и тоа што ова е петтиот натпревар во кој Јовиќ има двоцифрен учинок. Инаку, имаше и одличен шут за три поени, четири од седум.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Хиро беше најефикасен на натпреварот со 32 поени, додека кај Портланд Симонс постигна 28.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво забивање не се гледа често: Гордон со поен го засени потегот на Јокиќ (Видео)

Арон Гордон ќе остане запаметен како еден од момците на кои закуцувањето им беше омилен де…