Хрватскиот стратег Иван Јуриќ е пред отказ во Рома, а сега изненади со неговиот потег пред утрешниот натпревар.
Имено, Аргентинецот Паоло Дибала не доби повик за натпреварот со Болоња. На прес-конференцијата како објаснување Јуриќ изјави дека Дибала се соочил со мал физички проблем, но во Италија веруваат дека тоа е само оправдување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Дибала бил шокиран од ваквата одлука бидејќи се чувствувал подготвен да игра, но по одлуката на Јуриќ нема да биде ниту на клупата.
Од почетокот на сезоната Дибала е еден од најважните во Рома, а во летото одби и богата понуда од Саудиска Арабија за да остане во Рим.