Дома Топ вести Јунајтед и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Јунајтед и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Раководството на Манчестер Јунајтед е спремно да го продаде Пол Погба на крајот на сезоната и веќе ја одреди цената за Французинот.

Цената на Французинот сега е 100 милиони фунти, а агентот на играчот Мино Раиола е информиран дека Погба е слободен да замине во текот на летото, доколку се најде клуб да ја плати бараната сума.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поради честите повреди и лошата сезона падна цената на Погба, но Јувентус и понатаму посакува да го врати во своите редови.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ се спремни на Јунајтед да му понудат 50-60 милиони евра плус Арон Рамзи. Велшанецот сака да се врати во Премиер лигата, а „црвените ѓаволи“ имаат потреба од таков играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…