Дома Трансфер зона Јунајтед и Ајакс се договорија за Лисандро Мартинез

Јунајтед и Ајакс се договорија за Лисандро Мартинез

Трансферот на Лисандро Мартинез од Ајакс во Манчестер Јунајтед може да биде завршен уште денес, пренесуваат медиумите на Островот.

Двата клуба постигнаа комплетен договор после вчерашните преговори кои се одвиваа во Амстердам и остануваат само уште мали детали.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ за дефанзивецот ќе платат 42,5 милини финти, а со бонуси сумата ќе достигне до 46 милиони фунти (55 милиони евра).

Мартинез денес не тренираше со тимот на Ајакс и очекува во секој момент да замине за Манчестер на лекарски прегледи.

Приоритет за Манчестер Јунајтед ова лето беше доведување на врвен дефанзивец, а Лисандро Мартинез беше голема желба на Тен Хаг, кој одлично ги познава неговите квалитети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…