Дома Фудбал Италија Јуве ремизираше, Интер и Лацио подобри на гостински терен

Јуве ремизираше, Интер и Лацио подобри на гостински терен

Во Италијанското фудбалско првенство попладнево се одиграа шест натпревари на кои гостите беа поуспешни со две победи, три средби завршија нерешено, а единствената победа на домашен терен ја оствари Торино.

Лидерот и шампион Јувентус освои бод на гостувањето кај Удинезе, додека Интер го забележа најубедливиот триумф.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Резултати на дуелите од 27.коло во Серија А:
Аталанта – Фиорентина 0:0,
Емполи – Џенова 0:2,
Каљари – Интер 1:5,
Удинезе – Јувентус 1:1,
Торино – Палермо 3:1,
Кротоне – Сасуоло 0:0.

Вечерта Лацио беше подобар од Болоња на гостински терен со 0:2.

Претходно идентични победи со 3:1 забележаа екипите на Милан и на Самдорија против Киево, односно Пескара, додека Наполи ја победи Рома со 2:1.

Табела: Јувентус 67 бода, Рома 59, Наполи 57,Лацио 53, Аталанта 52, Интер 51, Милан 50

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Прв пораз за Вардар во лигата, Шкендија му се доближи на еден бод

Шкендија триумфира против Вардар со 1-0 во Скопје во домашниот шампионат, со што му се доб…