Јувентус и Реал Мадрид во јануари тргнуваат во лов на Кристијан Ериксен, јавуваат странските медиуми.
На крајот на сезоната на данскиот фудбалер му истекува договорот со Тотенхем и извесно е дека ќе го напушти клубот, а како потенцијални дестинации се споменуваат Јувентус и Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Странските медиуми како фаворит за потписот на Ериксен го сметаат Јувентус, кој според „Кориере дело Спорт“, веќе го „подготвил теренот“ за преговори со цел да го донесе комплетно бесплатно.
„Бјанконерите се надеваат дека ќе ја продолжат праксата да носат врвни фудбалери без обештетување. Претходно во клубот од Торино пристигнаа Погба, Ремзи, Рабиот …“, пишуваат италијанските медиуми.
Ериксен дојде во Тотенхем во 2013. година од Ајакс за 13,5 милиони евра, а во меѓувреме за Спарси настапи на 292 натпревари, постигна 68 погодоци и запиша 87 асистенции.