Според пишувањето на италијанските медиуми Јувентус веќе ја пронашол замената за Џорџо Киелини.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот капитен на крајот на сезоната најверојатно ќе ја заврши кариерата, па Јувентус од поодамна е во потрага по квалитетен дефанзивец.
„Тутоспорт“ пренесува дека првиот избор е дефанзивецот на Торино, Глеисон Бремер. 25-годишниот Бразилец игра одлична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
За него интерес покажуваат многу европски клубови, но Јувентус е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Јувентус ќе ја водат главната битка за неговиот потпис, но „бјанконерите“ се спремни да испратат повисока понуда.