Талентираниот фудбалер на Лион, Хусен Ауар ќе биде „жешка тема“ во летниот преоден рок бидејќи за него се заинтересирани многу европски гиганти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
21-годишниот играч за врска оваа сезона блеска во дресот на Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Ауар оваа сезона одигра 33 меча за Лион во сите натпреварувања на кои постигна 8 гола и запиша 9 асистенции.
Голем број на европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, а медиумите тврдат дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис.
Лион поради финансиската ситуација ќе мора да го продаде талентот ова лето, а Јувентус веќе започнал преговори со неговиот агент.