Дома Топ вести Јувентус спреми понуда за Заниоло

Јувентус спреми понуда за Заниоло

Италијанскиот шампион Јувентус веќе почна да работи на засилување на тимот за следната сезона.

Една од главните цели на „старата дама“ ова лето ќе биде младата ѕвезда на Рома, Никола Заниоло.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Јувентус и минатото лето го сакаше Заниоло, кој важи за еден од најголемите италијански таленти, но тогаш Рома ги одби сите понуди.

„Бјанконерите“ се надеваат дека ќе ги искористат финансиските проблеми на „волчицата“ и веќе спремиле понуда која Рома тешко ќе може да ја одбие.

Информациите од Апенинините тврдат дека Јувентус ќе испрати двајца свои фудбалери во Рим, и тоа Бернардески и дефанзивецот Ромеро, чија вкупна вредност е повеќе од 60 милиони евра.

Јувентус го купи Ромеро минатото лето за 26 милиони евра, а Рома има потреба од дефанзивец бидејќи не може да се договори со Јунајтед за откупување на Смолинг.

Многу други клубови, меѓу кои и Реал Мадрид, ја следат ситуацијата на Заниоло, но Јувентус е најконкретен и веќе работи на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…