Дома Фудбал Италија Јувентус се договори со новиот тренер

Јувентус се договори со новиот тренер

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус, а раководството веќе има фаворит за негов наследник.

Јувентус веднаш по завршување на сезоната ќе објави дека се  разделува со Алегри, а медиумите тврдат дека  веќе постигнал договор со неговиот наследник.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Во Јувентус се убедени дека Тиаго Мота е идеална замена за Алегри, бидејќи во Болоња се помовираше во еден од најдобрите тренери во Серија А.

Мота сезонава покажа дека е подготвен за големи работи и обезбеди  пласман во Лигата  на шампиони, па сега сака да направи чекор напред во кариерата.

Двете страни постигнале договор за двегодишна соработка,а Тиаго Мота во Торино ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Само реми за Реал на дебито на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо дебитираше со реми против Ал Хилал на Светското клупско првенство. Младата над…