Примарна цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде плејмејкерот на Челзи, Жоржињо, пренесува „Газета дело Спорт“.
Италијанецот има договор со „сините“ до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката за во застој.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Жоржињо во 2018 година од Наполи се пресели во Челзи за 50 милиони фунти, а сега сака да се врати во Италија.
Челзи поради ситуацијата не може да преговара за продолжување на соработката и е спрмемен да го продаде Италијанецот на лето, а Јувентус сака да ја искористи ситуацијата.
Жоржињо бара плата од 7 милиони евра, што значи дека доколку пристигна во Торино ќе биде најплатен заедно со Влаховиќ и Де Лихт.