Дома Фудбал Италија Јувентус потпиша богат спонзорски договор

Јувентус потпиша богат спонзорски договор

Јувентус договори продолжување на соработката со својот генерален спонзор, производителот на автомобили „Jeep“ и со тоа ќе ги зголеми приходите.

Имено, за нов тригодишен период на актуелниот италијански првак ќе му донесе приход од 135 милиони евра.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Jeep“ е сопственост на компанијата „Exor“, која како и фудбалскиот клуб Јувентус е под раководство на италијанското семејство Ањели.

„Новиот договор е потврда за двостраното задоволство од досегашната соработка меѓу „Jeep“ и Јувентус што започна во сезоната 2012/13, а новиот договор му гарантира на клубот годишен приход од 45 милиони евра“, соопштија од клубот.

Сумата, сепак, може да варира во зависност од постигнатите резултати на Јувентус, односно ќе има додатни бонуси во зависност од освоените трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Осимен доби жестоки навреди од навивачите на Наполи (Фото)

Во сенка на шпекулациите за неговиот можен трансфер во Галатасарај, нигерискиот напаѓач Ви…