Дома Фудбал Италија Јувентус ослабен за финалето од Купот

Јувентус ослабен за финалето од Купот

Јувентус и Наполи во среда на „Олмпико“ ќе го одмерат силите во финалето на италијанскиот Куп.

Тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари нема да може да смета на Џорџо Киелини, Гонзало Игуаин и Арон Рамзи, кои поради повреда го пропуштија и полуфиналниот меч со Милан.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека тројцата фудбалери нема да можат да се рехабилитираат целосно до среда.

Тоа значи дека Сари најверојатно ќе излезе со истиот тим како против Милан, само под знак прашалник во стартниот тим е Пјаниќ, кој е надвор од форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италија ја заврши лесната задача, сега останува потешката

Екипата на Италија, која беше под притисок, е само на една победа од пласман на Светското …