Ерлинг Халанд во моментов е еден од најдобрите фудбалери во светот, а Борусија Дортмунд ова лето за него бараше вртоглава сума на пари.
Интересно е тоа што Јувентус можел да го доведе младиот Халанд за сума од два милиони, но тогашниот директор на клубот, Бепе Марота сметал дека тоа се премногу пари за еден тинејџер.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
„Можев да го доведам Халанд во Јувентус за само 2 милиони евра. За жал, сега веќе не е возможно да го видиме во Серија А, ниту еден клуб не може да си го дозволи. Видете што се случи со Лукаку“, ја потврди Марота една од најгоемите свои грешки.