Дома Фудбал Лига на шампиони Јувентус е спремен, Роналдо е спремен: Португалецот утре од првата минута на теренот!

Јувентус е спремен, Роналдо е спремен: Португалецот утре од првата минута на теренот!

Јувентус е спремен, Роналдо е спремен! Ајакс ќе има тешка задача пред своите навивачи бидејќи клубот од Торино нема намера да застане на ова скалило.

Тренерот на „старата дама“ Масимилијано Алегри уште на стартот од прес-конференцијата ги разреши сите дилеми кога е Роналдо во прашање.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Роналдо тренира со тимот и тој е на располагање и доколку не се случи нешто во меѓувреме ќе биде во стартниот тим“, јасен беше Алегри.

Киелини и Емре Џан се повредени, но добра вест за Јувентус е состојбата на Ругани.

„Останатите се во ред. Даглас Коста се врати, Паоло Дибала добро тренираше утрово, Ругани ќе биде стопер. Тоа е важна прилика за него и среќни сме поради тоа“.

Алегри покажа респект кон противникот.

„Ајакс го елиминираше Реал Мадрид и играше рамноправно со Баерн, во историјата веќе сме гледале две финалиња на овие два тима. Очекувам отворен натпревар кој тешко може да заврши 0:0“, порача италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…