Требаше да биде еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок, но мсто тоа потпиша нов договор со актуелниот клуб.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ, човекот од над 100 милиони евра беше голема желба на Јувентус, Реал и Пари Сен Жермен, откако Србинот одигра одлична сезона во римскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, „Калчомеркато“ откри дека СМС бил на чекор од потпис со Јувентус и тоа уште на почетокот на летото. Според овој извор Лотито се согласил на сума од 80 милиони евра, колку што изнесуваше првата понуда од „старата дама“. Играчот исто така се согласил на трансферот.
Сепак, кога договорот веќе бил постигнат, Лацио побарал дополнителни милиони преку клазулата, а Јувентус го одбил таквото барање на римскиот клуб.
На крајот „Калчомеркато“ потенцира дека откако пропаднал трансферот на Савиќ Јувентус тргнал по потписот на Роналдо кој пристигна во клубот за 115 милиони евра.