Дома Фудбал Италија Јувентус ги подели броевите, ја чува „деветката“ за…

Јувентус ги подели броевите, ја чува „деветката“ за…

1

Италијанскиот шампион Јувентус денес го објави списокот на играчи кои ќе патуваат на азиската турнеја во Сингапур, Кина и Јужна Кореја.

Заедно со имињата, клубот ги објави и броевите со кои ќе играат фудбалерите следната сезона. Најголем интерес предизвика Гонзало Игуаин, кој нема да го носи дресот со број 9.

Аргентинецот го зеде дресот со број 21, а медиумите тврдат дека Јувентус ја чува „деветката“ за Мауро Икарди.

Многу ѕвезди на Јувентус ќе ја пропуштат турнејата. Даглас Коста, Манџукиќ, Пјаца, Кедира, Рамзи и Киелини останаа да тренираат индивидуално. Од друга страна Дибала, Квадрадо и Кин добија подолга пауза за одмор.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Лихт разочаран: Не го очекував ова!

Матијас де Лихт важи за еден од најталентираните дефанзивци во светот и ова лето европскит…