Верона во рамките на 23. коло во италијанската Серија А го победи Јувентус со 2:1.
Верона уште од првата минута го започна притисокот врз италијанскиот првак. Домашниот тим беше опасен, а во првото полувреме им беше поништен погодок поради милиметарски офсајд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Јувентус има за што да жали во првиот дел од натпреварот. Даглас Коста и Роналдо ја погодија рамката на голот, првиот пречката, вториот стативата и топката едноставно не сакаше да влезе во голот.
На одмор се замина со резултат 0:0, а во второто полувреме гледавме доста возбудувања.
Јувентус прв стигна до водство, а погоди Кристијано Роналдо. После една грешка во редовите на Верона во 65 минута, Португалецот започна контра, одигра “дупли пас“ со Дибала, а потоа погоди за 0:1.
Сепак, предноста на Старата дама не траеше долго. Одличната игра на домашниот тим во 76. минута ја круниса Фабио Борини после грешката на Пјаниќ.
Верона изгледаше поопасна во финишот на натпреварот. Кумбула ја погоди пречката во 84 минута, а после преледот на снимката во ВАР собата беше утврдено дека Бонучи играл со рака и судијата покажа на белата точка. Одговорноста за изведување на пеналот ја презеде искусниот Пазини и погоди за 2:1.
Тимот на Верона го заврши натпреварот со сигурна игра во дефанзивата и на крајот дојде до голема победа.