Барселона вчера во 6. коло од Лигата на шампионите доживеа дебакл од Баерн и беше поразена со 3:0.
Тој пораз со победата на Бенфика над Динамо (2:0) значеше испаѓање од Лигата на шампионите, а после 17 години клубот ќе игра во Лигата на Европа, второто по ранг клупско натпреварување во Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Она што е интересно е што во 17 години претходно колку што Меси беше дел од Барселона, Каталонците никогаш не играле во Лигата Европа. Последен пат во Лигата на Европа (Купот на УЕФА) Барселона играше во сезоната 2003/2004, а Меси дебитираше една сезона подоцна 2004/2005.
17 години подоцна Меси ја напушти Барселона, а Барселона Лигата на шампионите…
„Меси со години го носеше тимот на својот грб. Неверојатно. Барселона без Меси оди во Лигата на Европа, додека Јувентус без Роналдо заврши прв во групата пред актуелниот шампион на Европа“, истакна Рафаел Хернандез, шпански новинар после вчерашниот натпревар.
Ќе потсетиме, Меси со Барселона четири пати ја освои Лигата на шампионите, последен пат тоа се случи во 2015 година. Оваа сезона Аргентинецот премина во ПСЖ кој се пласираше во осминафиналето како втор во групата зад Манчестер Сити.