Дома Фудбал Германија Јоаким Лев заврши во болница

Јоаким Лев заврши во болница

Јоаким Лев нема да ја предводи германската репрезентација во следните два натпревари.

Германскиот селектор заврши во болница и таму ќе остане во следните денови, а со тоа нема да може да ја предводи репрезентацијата во дуелите против Белорусија и Естонија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Лев пред неколку недели доживеа бизарна несреќа. Му паднал тег на прстите и тоа му предизвикало проблеми, па морал да биде хоспитализиран.

„Третманот оди добро, но лекарот не советуваше селекторот да биде поштеден во наредните натпревари. Затоа Маркус Сорг ќе ја предводи репрезентацијата.“ – соопштија од фудбалската федерација на Германија.

Се огласи и Јоаким Лев.

„Се чуствувам добро, но морам да одмарам во следните четири недели. Во контакт сум со екипата, имаат искуство и ова ќе го надминеме.“ – рече Лев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал Мадрид добива големо засилување за реваншот против Манчестер сити

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе доби позитивни вести во пресрет на реваншот про…