Дома Фудбал Останато Јирген Клоп доби улица во Тузла

Јирген Клоп доби улица во Тузла

Eден од најдобрите фудбаски тренери во светот, Јирген Клоп доби „улица“ во Тузла.

Непосредно во близна на стадионот во Тушањ се појави плоча на која пишува: Улица на наредниот херој Јирген Клоп.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Не е познато кој доделил една тузланска улица на големиот германски стратег, веројатно станува збор за голем навивач на Ливерпул.

Ливерпул 30 години чекаше на титулата во Англија, а доаѓањето на Клоп промени многу работи. Освоена беше титулата, а сезона претходно и Лигата на шампионите.

Клоп е апсолутен херој за навивачите на Ливерпул, но и еден од омилените тренери на неутралните навивачи ширум светот. Претходно во кариерата како тренер Клоп ги водеше екипите на Мајнц и Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал вчера загуби, но Перез посебно бил воодушевен од еден фудбалер: Лично му се јавил веднаш по натпреварот!

Реал Мадрид беше поразен на гостувањето кај Ливерпул (1:0) во четвртото коло од Лигата на …