Дома Фудбал Останато Ја прегази конкуренцијата: За читателите на „AS“, Модриќ е најдобар во светот

Ја прегази конкуренцијата: За читателите на „AS“, Модриќ е најдобар во светот

modric

Лука Модриќ ја обележа тековната календарска година.

Хрватскиот мајстор со Реал ја одбрани титулата шампион на Европа, а Хрватска ја одведе до сенцазионалното светско сребро на Светското првенсво во Русија. Модриќ целата сезона импресионираше со своите игри, па критиките, но и публиката не можеа да останат рамнодушни.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Лука е прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија, а за читателите на реномираниот шпански „AS“ нема дилема за тоа кој е најдобар фудбалер во светот во овој момент.

Имено, во анкетата која ја направи споменатиот весник, Модриќ убедливо е избран за најдобар фудбалер на годината. Откако ФИФА ја објави листата на кандидати за најдобар играч, во својата анкета за читателите, весникот праша кој треба да ја освои наградата. За нив немаше никакви дилеми и Модриќ доби 14,227 гласа, односно 46% од вкупниот број на гласови (30,413).

На второто место за речиси десет илјади гласови помалку се најде Роналдо (5350 гласови, 17,59%), а на третото Меси (4384, 14,41%). Следуваат Гризман (3894, 12,8%), Варан (3,65%), Мбапе (2,83%), Салах (0,8%), Азар (0,74%), Кевин Де Брујн (0,29%) и Хари Кејн (0,11%).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…