Дома Фудбал Италија Ја избра Рома пред бројни клубови, а во Рим во два месеци не доби ниту минута

Ја избра Рома пред бројни клубови, а во Рим во два месеци не доби ниту минута

Maтс Хумелс одби десетина клубови од Англија, Германија, Саудиска Арабија, Португалија…и на крајот ја избра Рома, но ако судиме по неговата ситуација погреши.

Скоро два месеци подоцна Хумелс се уште не дебитирал за тимот кој го предводи Иван Јуриќ. Во текот на летниот преоден рок поранешниот дефанзивец на Борусија Дортмунд се поврзуваше со Баер Леверкузен, Ајакс, Вест Хем, Реал Сосиедад, Спортинг, Болоња, Мајорка…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Но, на крајот се договори со Рома каде што пристигна на барање на Де Роси кој набрзо потоа доби отказ и на негово место дојде хрватскиот стратег.

Јуриќ предност му дава на Еван Ндиќ.

„За мене двајцата се фудбалери за исто место во тимот, а во овој момент ми изгледа дека одбраната добро се држи и моја работа е тимот. Ндик игра добро и затоа е пред Хумелс кој е голем професионалец и сигурно ќе добие шанса“, изјави Јуриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …