АЛЕСАНДРО БАСТОНИ (25) има репутација на еден од најдобрите стопери во светот. Минатата сезона дефанзивецот на Интер беше прогласен за најдобар дефанзивец во Серија А, а сезоната пред тоа беше вклучен во најдобриот тим на Лигата на шампионите.
Поради тоа италијанскиот репрезентативец во интервју за миланскиот весник Либеро беше запрашан дали мисли дека има подобар дефанзивец од него.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Има ли подобар дефанзивец од мене? Не знам дали е подобар, но многу ми се допаѓа Јошко Гвардиол од Манчестер Сити“, одговори на тоа прашање Бастони и на тој начин покажа голема почит кон три години помладиот хрватски репрезентативец.
Гвардиол и Бастони играа еден против друг на овогодинешното Европско првенство во ремито меѓу Хрватска и Италија со кое избраниците на Златко Далиќ беа елиминирани од натпреварувањето, а се сретнаа и оваа сезона во Лигата на шампионите каде Сити и Интер одиграа 0:0.