Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус го договорил трансферот на Рикардо Орсолини од Асколи, една од најголемите ѕвезди во Серија Б.
„Старата дама“ за потписот на 19-годишниот крилен фудбалер ќе плати 4,5 милиони евра, но и ќе испрати двајца млади фудбалери во Асколи.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Орсолини оваа сезона игра фантастично во дресот на Асколи, па го привлече вниманието на скоро сите големи италијански клубови.
Сепак, Јувентус успеа да ја победи конкуренцијата и да го обезбеди потписот на тинејџерот, за кого експертите тврдат дека е еден од најголемите таленти на Апенините.