Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Сити најави штрајк: Не сме на добар пат

Ѕвездата на Сити најави штрајк: Не сме на добар пат

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри отворено се побудни против густиот распоред и се поголемиот товар врз фудбалерите, што може да доведе до штрајк.

Шпанецот ги критикуваше УЕФА и ФИФА поради густиот распоред на натпревари, а исто така посочи дека никој не ги прашувал за мислење.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Мислам дека штрајк е единствено решение на ситуацијата. Мора да се грижиме за нашето здравје. Ние сме само обични луѓе. Мислам дека со зголемиот број на натпревари, ќе се зголеми и ризикот од повреди“, вели Родри.

„Прашајте било кој играч, сите ќе ви дадат ист одговор. Тоа е мислењето на сите во Европа, не го измислувам јас во моментов. Време е да размислиме што правиме, затоа што не сме на добар пат“, заклучи Шпанецот. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал договори трансфер на ѕвезда вреден 80 милиони евра во Германија

Арсенал синоќа се соочи против Баер Леверкузен во првата осмина финале од Лигата на шампио…