Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс може да ја продолжи кариерата во германската Бундеслига, пренесува „Скај Италија“.
Мертенс во 2013 година пристигна во Наполи и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А и Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, големи се шансите на лето двете страни да се разделат, бидејќи неговиот договор со Наполи истекува, а нема најави за продолжувње на соработката.
„Не знам каде ќе ме однесе патот во иднина. Сега ми е главна цел да имам добра сезона во Наполи, а после ќе видам. Имам уште седум месеци од договорот и во овој момент не знам каде ќе играм следната сезона“, изјави Мертенс.
Силен интерес за 32-годишниот Белгиец покажува Борусија Дортмунд која веќе стапила во контакт со неговиот агент.
„Скај Италија“ тврди дека големи се шансите Мертенс следното лето да се пресели во Дортмунд, каде играат неговите сонародници Аксел Витсел и Торган Азар.