Дома Топ вести Ѕвездата на Наполи пред трансфер во Манчестер

Ѕвездата на Наполи пред трансфер во Манчестер

Наполи после 33 години го освои Скудетото, но на лето може да остане без неколку свои ѕвезди.

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е во напредни преговори со дефанзивецот Ким Мин.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер бидејќи во својата прва сезона се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Кореецот го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед кој сака да го доведе на „Олд Трафорд“ на лето.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула во неговиот договор која изнедува 50 милиони евра.

Се очекува Јунајтед наскоро да постигне договор со неговиот агент, а потоа ќе ја плати откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…