Дома Фудбал Италија Ѕвездата на Наполи за тешкото детство: Продавав вода на улица…

Ѕвездата на Наполи за тешкото детство: Продавав вода на улица…

Напаѓачот на Наполи Виктор Осимен е прогласен за најдобар спортист во Италија,во изборот на Асоцијацијата на новинари во овааземја.

Нигериецот од Лагос после наградата се потсети на тешкото детство кога морал многу рано да стане столб на своето семејство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во куќата живееа, татко, ми, сестрата, братучедот и јас. Знаев дека немав избор, морав да помогнам на семејството. Продавав вода на улица. Таму бев забележан и одведен во тимот до 17 години. Тоа беше пресвртница во мојот живот“, изјави Осимен.

Напаѓачот рано беше забележан од европските скаути и првите сениорски чекори ги направи во 2017 година во Волфсбург. Потоа премина во Шарлоа, па Лил од каде што дојде во Наполи во 2020 година.

Сезонава Осимен е најдобар стрелец во Серија А со 19 постигнати голови на 21 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…