Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао ќе треба да му плати компензација на својот матичен клуб Спортинг Лисабон од 16,5 милиони евра, одлучи Судот во Лисабон.




Причината за тоа е што Леао во 2018 година еднострано го раскина договорот со Спортинг, откако навивачите го упаднаа во тренинг центарот. Напаѓачот тоа лето како слободен агент се пресели во Лил, од каде после само една година за 23 милиони евра се пресели во Милан.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во 2020 година Спортскиот арбитражен суд одлучи дека Леао го прекршил договорот и му одреди да плати компензација од 16,5 милиони евра.




Леао ја обжали таа одлука на повисока инстанца, но сега беше потврдено дека ќе мора да ја плати таа сума на португалскиот клуб.