Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Манчестер објави крај на кариерата!

Ѕвездата на Манчестер објави крај на кариерата!

Ѕвезадата на англискиот фудбал и на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик објави дека на лето ќе стави крај на кариерата.

36-годишниот Карик до сега има одиграно 463 натпревари за Манчестер Јунајтед, а за англиската репрезентација има 34 настапи. Оваа сезона запиша само четири настапи поради здравствени проблеми.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Жозе Мурињо откри дека клубот од „Олд Трафорд“ му понудил на Карик работа како тренер за следната сезона.

Карик кариерата ја започна 1999 година во Вест Хем каде одигра повеќе од 130 натпревари, а потоа две години играше во Тотенхем од каде во 2006 година се пресели на „Олд Трафорд“.

Со „црвените ѓаволи“ освои пет титули шампион во Англија, а ги крена и трофеите во Лига на шампиони и Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвездата на Ливерпул во љубовен триаголник: Ја остави девојката, сега чека дете со нејзината најдобра пријателка

Алексис Мeк Алистер (25), фудбалер на Ливерпул и светски првак со Аргентина од Катар 2022 …