Канада вчера на свој терен ја победи Јамајка со 4:0 и обезбеди пласман на Светското првенство во Катар.




Канаѓаните ќе играат на еден Мундијал за првпат после 1986 година кога настапија во Мексико и тоа доволно зборува каков подвиг успеа да направи оваа селекција. Пред своите навивачи Канада ја совлада Јамајка со 4:0 и на едно коло пред крајот на квалификациите го обезбеди пласманот во Катар.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во селекцијата на Канада вчера го немаше Алфонсо Дејвис кој сигурно е еден од најдобрите играчи на овој тим. Левиот бек на Баерн натпреварот го следеше од својот дом и победата ја прослави на одличен начин.




Откако судијата означи крај на натпреварот Дејвис заплака, а сето тоа го снимаше на социјалните мрежи.
🇨🇦 Les larmes d'Alphonso Davies devant la qualification du Canada au Mondial. Superbe ! Bravo à eux, très belle équipe. pic.twitter.com/vCieRb9oNz
— RMC Sport (@RMCsport) March 28, 2022