Дома Трансфер зона Ѕвездата на Ајакс била на чекор од „Сан Сиро“: Милан сака да ја исправи грешката

Ѕвездата на Ајакс била на чекор од „Сан Сиро“: Милан сака да ја исправи грешката

Ајакс оваа сезона ја воодушеви фудбалска Европа и лансираше неколку таленти за кои се „тепаат“ европските гиганти.

Еден од „бисерите“ на Ајакс за кого гигантите ќе бидат битка ова лето е и 22-годишниот играч за врска Дони ван де Бек.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ван де Бек беше херој на Ајакс и постигна гол во победата над Јувентус во Торино, а италијанските медиуми пренесуваат дека Холанѓанецот бил на чекор од Серија А минатото лето.

Имено, поранешниот спортски директор на Милан, Мирабели го договорил неговиот трансфер на „Сан Сиро“ за 25 милиони евра, но трансферот не се реалзирал поради фактот што имаше промена на сопственичката структура.

Новите сопственици донесоа нов спортски директор, Леонардо, кој имаше други трансфер цели, па пропаднал трансферот на Ван де Бек во Милан.

Оваа информација ја пренесе еминентниот „Кориере дело Спорт“ и тврди дека „росонерите“ сакаат да ја исправат грешката и ова лето да го донесат Холанѓанецот на „Сан Сиро“.

Дони ван де Бек е модерен играч за врска со одлична техника, кој игра одлилно во двете фази. Асистира, постигнува голови, но истовремено и му помага на тимот во одбрана, профил каков што бара Милан.

Меѓутоа, проблем за „росонерите“ е што сега неговата цена е двојно поголема, но и конкуренцијата за неговиот потпис ќе биде жестока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…