Дома Останати Тенис Ѓорческа елиминирана од Филипнка на турнирот во Трнава

Ѓорческа елиминирана од Филипнка на турнирот во Трнава

Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во W50 Трнава што се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Таа денес во мечот од второто коло загуби од 18-годишната тенисерка од Филипини Александра Еала (180.место) со 2-0 во сетови (64 62) за 85 минути игра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во првиот сет имаше само еден брејк и го направи Еала во 10.тиот гем од сетот кога успеа по 14 одиграни поени да стигне до посакуваното водство од 1:0 во сетови. Притоа Ѓорческа не искористи пет топки за да изедначи на 5:5 во гемови.

На почетокот на вториот сет нашата тенисерка имаше можност да направи брејк за водство од 1:0, но не успеа, а потоа втората брејк топка не ја искористи во седмиот гем од вториот сет и ривалката поведе со 5:2. Инаку и вториот сет беше изедначен до 2:2 во гемови, за потоа да следи серијата од четири гема за Еала.

Ѓорческа со пласманот во второто коло ќе освои нови шест поени.

За следната недела нашата тенисерка е пријавена за настап на уште еден турнир во Трнава, од рангот W75 Трнава и засега е во групата на тенисерки кои ќе треба да играат квалификации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…