Дома Останати Тенис Ѓоковиќ шокиран од одлуката на Енди Мари: Иста година сме, иста генерација, тажно е…

Ѓоковиќ шокиран од одлуката на Енди Мари: Иста година сме, иста генерација, тажно е…

0
djkovic marej

Како што самиот најави, Енди Мари наскоро ќе прости од професионалниот тенис.

Мари откри дека поради големи болки не може да игра на нивото какво што посакува. Причина е повредата на колкот, која го мачи во последните две години.

После неговата објава се огласи и српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.

„Тоа е шокантно бидејќи сме иста година, иста генерација. Тажно е да се гледа низ што поминува. Како некој кој помина тежок период се сочуствувам со него и разбирам низ што поминува. Тренирав со него пред неколку дена и малку зборувавме. Тој е голем шампион и мој пријател со кој растев. Тажно е што можеби го игра последниот Австралија Опен. Благодарен сум за многу работи во животот“, изјави Новак.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Мекинро тврди: Ѓоковиќ ќе освои повеќе Грен слем титули од Надал и Федерер

Легендарниот тенисер Џон Мекинро е убеден дека Новак Ѓоковиќ ќе успее да биде подобар од Р…