Дома Останати Ѓоковиќ се скара со навивач на трибините, Киргиос му понуди да одат да го тепаат🎥

Ѓоковиќ се скара со навивач на трибините, Киргиос му понуди да одат да го тепаат🎥

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло на Австралијан опен, но за време на дуелот против Попирин имаше караница со еден навивач.

Ѓоковиќ не издржа по провокациите од трибините и реши вербално да се пресмета со еден од навивачите.

„Ајде, симни се, дојди слободно и кажи ми го тоа во лице“, викаше Ѓоковиќ кон навивачот.

Ник Киргиос, кој годинава е во улога на коментатор на Австралија Опен, по мечот му понуди да одат на трибините и да се тепаат со навивачите, на што Ѓоковиќ се насмеа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Синер го одложи враќањето на терените!

Јаник Синер повторно ќе мора да го одложи своето враќање на тениските терени. Светскиот бр…