Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се помачи, но дојде до полуфинале во Тел Авив

Ѓоковиќ се помачи, но дојде до полуфинале во Тел Авив

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата, но сепак успеа да се избори за полуфинале на АТП турнирот во Тел Авив.

Ѓоковиќ во два сета беше подобар од Васек Поспишил со 7:6, 6:3. Ѓоковиќ така ја продолжи традицијата да не загуби сет во пресметките со Канаѓанецот, меѓутоа за разлика од мечевите кои ги имале претходно овој пат Ѓоковиќ не дојде лесно до победата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Првиот сет го освои дури после тај брејк каде што пресуди неговото искуство. Ѓоковиќ имаше водство од 5:1, но загуби четири поени во серија, а потоа се врати во ритам за конечни 7:5.

Во вториот сет му одеше полесно, брзо освои брејк и дојде до 3:0. Сепак, тука како да дојде до опуштање па Поспишил дојде до изедначување на 3:3. Тоа изедначување како да го разбуди Ѓоковиќ кој од тој момент заигра многу подобро и го реши мечот во своја корист.

За местото во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Роман Сафиулин кој 108. на АТП листата. Во другото полуфинале ќе се сретнат Марин Чилиќ и Костан Лестиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Арине Сабаленка повторно издоминира во заводливо издание и го „освои“ ТикТок (Видео)

Најдобрата тенисерка на светот, Арине Сабаленка, допатува во Мајами каде што целта ѝ е да …