Дома Останати Ѓоковиќ се намачи на првиот меч на Индијан Велс

Ѓоковиќ се намачи на првиот меч на Индијан Велс

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на турнирот во Индијан Велс, откако потешко од очекувањата го совлада Александар Вукиќ во три сета со 6-2, 5-7 6-3.

Најдобриот светски тенисер многу се мачеше против 69. тенисер во светот. Ѓоковиќ одлично го отвори мечот, го доби првиот сет со 6-2, но потоа Вукиќ возврати, беше подобар во вториот сет со 7-5 и изедначи на 1-1.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сепак, Србинот не дозволи изненадување, третиот решавачки сет го доби со 6-3 и дојде до победа од 2-1 во сетови.

Во следното коло ривал на Ѓоковиќ ќе му биде 20-годишниот Италијанец Лука Нарди, кој никогаш во кариерата не се пласирал меѓу 100-те најдобри во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал после две години победи на земја

Рафаел Надал денеска го одигра својот прв натпревар по пауза од 103 дена и запиша лесна по…