Дома Останати Тенис Ѓоковиќ после освојувањето на титулата зборуваше за еколошката катастрофа во Австралија и несреќата на Коби

Ѓоковиќ после освојувањето на титулата зборуваше за еколошката катастрофа во Австралија и несреќата на Коби

Денес Ѓоковиќ со пресврт против Доминик Тим ја одбрани титулата на Австралија Опен (3:2).

Ѓоковиќ после натпреварот одржа емотивен говор во кој зборуваше за еколошката катастрофа во Австралија и трагедијата во која животот го загуби Коби Брајант.

„Сакам да испратам честитки до Тим за одличниоот турнир, денес имаше тежок меч беше блиску до победа. Сигурен сум дека во иднина ќе освоиш многу гренслем турнири. Пред овој турнир се случија страшни работи. Катастрофата во Австралија, несреќата на мојот ментор Коби Брајант…Сакам да кажам дека ова е потсетување на важноста на семејството, ние сме дел од професионалниот спорт, се грижиме, но важно е да бидете добри и се надевам дека такви работи повеќе нема да се случуваат“, изјави помеѓу другото Ѓоковиќ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Федерер: Зошто да тренирам? Сега уживам

Проблемот со коронавирусот се уште постои во сите спортови па така и во тенисот и сега не …