Јаник Синер го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови на турнирот во Саудиска Арабија.
Само неколку дена по финалето во Шангај, Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер повторно се сретнаа и повторно поуспешен беше Италијанецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синер во првиот сет двапати го одзеде сервисот на Ѓоковиќ и го доби релативно лесно со 6-2. Србинот возврати во вториот сет откако славеше во тај-брејк.
Во третиот сет беа видени голем број брејкови на двете страни, но Синер направи еден повеќе и со тоа стигна до триумф од 6-4.