Новак Ѓоковиќ објави дека нема да игра на Мастерс турнирот во Шангај, а српскиот тенисер во меѓувреме ги известил дека нема да настапи и на помалите турнири за кои имаше покана.
Зад Ѓоковиќ е напореден период на исцрпувачки турнири и сака да се одмори и да ги наполни батериите за најголемите предизвици кон крајот на годината.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според најавите, Ѓоковиќ би требало да игра само на три турнири до крајот на годината, првиот ќе биде Мастерс-турнирот во Париз каде што минатата година стигна до финалето. Следен ќе биде завршниот Мастерс во Торино на кој минатата година го освои трофејот и ќе брани најмногу поени.
На крај, се очекува да ја предводи Србија во завршницата од Дејвис Купот во Малага, турнир кој ќе се игра од 21. до 26. ноември.