Новак Ѓоковиќ даде ексклузивно интервју за „Би-Би-Си“ во кое зборуваше за ситуацијата со вакцинирањето во која се најде, за сагата со депортацијата од Австралија и испрати порака дека нема немаера да се вакцинира без разлика што тоа ќе значи за неговата кариера.
На почетокот на интервјуто новинарот го праша Ѓоковиќ дали ќе остане на ставот да не се вакцинира ако тоа значи дека нема да игра на наредните гренслемови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да, тоа е цената која сум спремен да ја платам“, одговори Ѓоковиќ, па објасни.
Тема беа и информациите кои се појавија во јавноста дека намерно го темпирал својот позитивен тест на 16. декември за да може да ја избегне изолацијата при влезот во Австралија.
На тоа прашање Ѓоковиќ одговори дека се надева на поблаги рестриктивни мерки во иднина и дека ќе игра на турнирите уште долго.
„Мене принципите на одлучување што јас ќе ставам во моето тело се поважни од било кои титули или резултати. Се обидувам да имам контрола над моето тело колку што е можно повеќе“, порача Ѓоковиќ.