Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со победа го започна Мастерсот во Синсинати, иако на стартот од мечот имаше и малку проблеми.
Квери подобро го започна мечот, поведе со 2:0 и таа предност ја одржуваше до шестиот гем кога Ѓоковиќ дојде до изедначување на 3:3, а потоа после една интересна борба Ѓоковиќ направи уште еден бреј за конечни 7:5 во првиот сет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓоковиќ во интервјуто после мечот откри дека на три минути пред излегувањето на мечот ги гледал епските пенали помеѓу Звезда и Копенхаген.
„Можеби затоа бев малку нервозен, само до три минути пред излегувањето на теренот скокав во соблекувалната. Се загревав и го следев мечот со тренерот Горан и целата екипа од екс Ју. Тоа е неверојатен подвиг, честитки до целиот тим. Посебно до Борјан кој успеа да одбрани толку пенали. Тоа е неверојатно, такво нешто јас никогаш немав видено“, изјави Ѓоковиќ за „Спорт Клуб“.
На почетокот од интервјуто Ѓоковиќ зборуваше за неговиот меч.