Со победата во Синсинати, Ѓоковиќ стана првиот тенисер кој успеал да ги освои сите девет мастерс турнири од серијата 1.000, односно го освои „Златниот Мастерс“.
Синсинати беше еднинствениот мастерс 1000 тунир кој му недостасуваше, а во финалето го победи Федерер со 6:4, 6:4.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ова навистина е посебен момент, првпат тука стојам со победничкиот трофеј. Губев многу финалиња тука и тоа од овој господин Роџер Федерер. Фала ти Роџер што ме „пушти“ да победам. Ова беше одличен меч, ти си голем шампион и беше задоволство да го делам теренот со тебе“, изјави Ѓоковиќ по победата.
„Се заблагодарувам на моето семејство дома. Ја чувствувам нивната поддршка, целиот овој период беше како ролеркостер. Тежок период е зад мене, операции, можеби беше и малку нереално да се вратам вака брзо на ова ниво, да го освојам Вимблдон и овој турнир кој ми недостасуваше“.
Indian Wells: ?????
Miami: ??????
Monte-Carlo: ??
Madrid: ??
Rome: ????
Toronto/Montreal: ????
Cincinnati: ?
Shanghai: ???
Paris: ????Stamp collection COMPLETE for @DjokerNole ? pic.twitter.com/Osvzv9uh8y
— Tennis TV (@TennisTV) August 19, 2018