Дома Останати Тенис Ѓоковиќ до публиката на Вимблдон: Добра ноќ, не ми можете ништо!

Ѓоковиќ до публиката на Вимблдон: Добра ноќ, не ми можете ништо!

Новак Ѓоковиќ славеше против Холгер Руне во осминафиналето на „Вимблдон“, а по мечот на теренот ги искажа импресиите и погледот на дуелот.

Српскиот тенисер ја заврши работата во три сета, за два часа игра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


– Многу сум задоволен, мислам дека Руне не одигра на своето најдобро ниво. Ги загуби првите 12 поени, требаше психички да се опорави, да потроши време за да влезе во мечот. Од моја страна мислам дека направив сѐ на вистински начин. Имав брејк топка со која се соочив на крајот од вториот сет. Многу солидно издание, среќен сум што завршив во три сета – рече Ѓоковиќ.

Потоа се осврна на непристојните навивачи, кои имаа неколку провокации во текот на натпреварот.

– За сите навивачи кои останаа, имам голема почит што се тука од сѐ срце. На сите оние кои избраа да не ја почитуваат играта, играчите и мене, им посакувам доообра ноќ“ – се зборовите на Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се расплака како мало дете во Атина: Додека сум жив…

Новак Ѓоковиќ не можеше да ги сокрие емоциите по триумфот во второто коло на „Hellenic Cha…