На прес-конференцијата за новинари пред утрешниот натпревар Тренерот Ернест Ѓока доби прашање за ситуацијата во која Мурињо го прашувал Пандев за Шкендија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот Ернест Ѓока порача дека и тој се консултирал со некои сво колеги. Сепак потенцираше дека Тотенхем е тим за кој многу се знае.
„Мурињо прашуваше за Шкендија и тоа е нормална работа, поради светот во кој тој живее и познавањата на балканскиот фудбал. Сигурен сум дека Пандев кажал точно како стојат работите во македонскиот фудбал и во Шкендија. Јас се консултирав со некои мои колеги, меѓутоа Тотенхем е тим кој секоја недела го гледаме на ТВ и знаеме многу за нив, Шкендија не треба премногу да прашува за Тотенхем, ние за нив сме непознато и тоа може да да биде добро“, порача Ѓока.