Дома Македонски спорт Мак фудбал Ѓока и носи на Шкендија Бразилец од Албанија!

Ѓока и носи на Шкендија Бразилец од Албанија!

Во овие моменти е како и останатите клубови во македонското првенство и во Шкендија е период за одмор, меѓутоа тренерот на клубот од Тетово Ернест Ѓока паузата ја користи и за да „скенира“ потенцијални засилувања.

Ѓока е во Албанија каде што го следеше натпреварот помеѓу Тирана и Фљамуртари, а според информациите на медиумите посебно го следел Бразилецот Елтон Кале.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Дополнителна причина да се смета дека Ѓока го следел Кале е што бил придружуван од познатиот албански менаџер, Анди Матраџиу, тврдат албанските медиуми. Кале е застапуван од Флорјан Биба кој соработува Матраџиу.

Кале настапува за Тирана и игра на позицијата напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Напаѓач од Брегот на Слоновата Коска ја засили Шкендија

Екипата на Шкендија денеска се пофали со ново име во своите редови. Нов член на клубот од …