Дома Фудбал Лига на шампиони Шчесни: Челзи е европски шампион, се виде разликата меѓу двата тима

Шчесни: Челзи е европски шампион, се виде разликата меѓу двата тима

Вчера Челзи одигра одличен натпревар и го победи Јувентус со убедливи 4:0 во Лигата на шампионите.

Со оваа победа Челзи го презема првото место во групата пред последното коло. Голманот на италијанскиот тим, Војчех Шчесни е реален и го призна поразот против „сините“ кои сосема заслужено победија.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Во овој натпревар можеше да се виде голема разлика помеѓу двата тима. Челзи е европски шампион, најдобриот тим во овој момент. Не покажавме квалитет да им се спротиставиме. Овој пораз навистина боли“, изјави Шчесни.

И Челзи и Јувентус го имаа обезбедено пласманот во следната фаза уште пред овој натпревар, меѓутоа дуелот беше важен за првата позиција во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Грилиш може да остане во Премиер лигата: Еден клуб е фаворит!

Ова лето Џек Грилиш се очекува да се раздели од Манчестер Сити, со можност сепак да остане…